Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) соопшти дека околу 30.000 луѓе побарале засолниште во околината. Сепак, извори во областа дадоа помали проценки за бројот на раселените жители, со што бројот на луѓе што останаа таму е околу 1.000.
Израелската армија првично не го коментираше извештајот.
Портпаролката на УНРВА рече дека околу 100 згради во областа биле уништени или сериозно оштетени од силни детонации во неделата.
Џенин се смета за упориште на милитантните Палестинци. На 21 јануари Израел ја започна својата најголема воена операција таму во последните години.
Израелците рекоа дека околу 50 милитанти биле убиени во воздушни напади во изминатите неколку дена. Уапсени се повеќе од 100 осомничени, запленети се десетици оружја и уништени стотици експлозивни направи, рекоа тие.
Според палестинските извештаи, загинале и голем број цивили. /МИА