Тајмс оф Израел: Зад изјавата на Трамп за „преземање“ на Газа стои неговиот зет Џаред Кушнер

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тајмс оф Израел: Зад изјавата на Трамп за „преземање“ на Газа стои неговиот зет Џаред Кушнер

Како што пренесува „Тајмс оф Израел“, Кушер наводно учествувал во подготовката на изјавата на Трамп што ја изнесе на заедничката конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху не барал од Трамп да претстави таков план, но Кушнер, се чини, ја навестил таквата идеја во говорот што го одржал минатата година на Харвард, додаде израелскиот портал.

„Имотот на брегот на Газа би можел да биде многу вреден доколку луѓето се фокусираат на градење средства за живот. Таму е малку несреќна ситуацијата, но мислам дека, од перспектива на Израел, би направил сè за да ги преселам луѓето и да го исчистам. Но, мислам дека Израел не рече дека е против луѓето да се вратат таму по се што се случи“, рече тогаш Кушнер.

Трамп за време на конференцијата со Нетанјаху рече дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа и ја опиша својата визија за областа како „Ривиера на Блискиот Исток“.

Тој го повтори својот предлог за трајно раселување на Палестинците, нагласувајќи дека тие треба да се преселат во други арапски земји, како Јордан и Египет, и дека Газа во моментов е „само урнатини“. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата