Украинците со над еден тон експлозив го нападнаа Кримскиот мост (ВИДЕО)

3.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украинците со над еден тон експлозив го нападнаа Кримскиот мост (ВИДЕО)

Овој пат, подводна експлозивна операција на Украинците која била планирана со месеци.

Експлозивот бил детониран рано наутро, предизвикувајќи сериозна штета на мостот, објавија украинските медиуми.

„СБУ спроведе нова единствена специјална операција и го погоди Кримскиот мост по трет пат, овој пат под вода! Операцијата траеше неколку месеци. Агентите на СБУ ги разнесоа потпорните столбови на оваа нелегална структура. Денес, без никакви цивилни жртви, во 4:44 часот наутро беше детонирана првата експлозивна направа!“, се вели во соопштението на СБУ.

Според извештајот, 1.100 килограми ТНТ експлозив биле детонирани во близина на потпорните столбови. СБУ не откри технички детали за тоа како биле поставени експлозивите.

Мостот сега се смета за технички небезбеден и нефункционален. Операцијата ја водеше лично шефот на СБУ, Васил Малјук, кој ја надгледуваше и фазата на планирање и нејзиното извршување.

„Бог го сака Тројството, а СБУ секогаш го завршува она што го започнува и не се повторува. Веќе двапати го погодивме Кримскиот мост во 2022 и 2023 година. Денес ја продолживме оваа традиција, овој пат под вода“, рече Малјук.

„Ниеден нелегален објект на Руската Федерација нема место на територијата на нашата држава. Кримскиот мост е сосема легитимна цел, особено затоа што непријателот го користеше како логистичка артерија за снабдување на своите трупи. Крим е Украина и секоја форма на окупација ќе добие наш жесток одговор.“

Овој напад е трет по ред на Кримскиот мост, по експлозиите во октомври 2022 и јули 2023 година, кои исто така резултираа со голема штета на оваа клучна инфраструктура.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата