Од вчера во 19:30 часот, Русија нападнала со една балистичка ракета „Искандер-М“, 60 дронови „Шахед“ и неколку дронови - имиттори, лансирани од Курск, Брјанск, Милерово, Приморско-Ахтарск и Шаталово.
Нападите биле одбиени со средства за радиоелектронска борба, беспилотни летала и мобилни огнени групи на украинската ПВО. До 9 часот утрото биле уништени 40 дронови над северна и источна Украина.
Руски ракети и околу 20 дронови сепак погодиле 12 локации во Харковска, Донецка и Днепропетровска област.
Во изминатото деноноќие се регистрирани 148 борбени судири на фронтот, од кои 51 во областа Покровск. Руската армија претрпела загуби од околу 900 војници и 4 тенка, соопшти Укринформ.