Украина и Русија извршија нова размена на воени заробеници

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина и Русија извршија нова размена на воени заробеници

Договорот за размената беше постигнат во Истанбул на почетокот на јуни.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи напиша: „Продолжуваме да ги ослободуваме нашите сограѓани од руско заробеништво, ова е четвртата размена за една недела“.

Рускиот министер за одбрана Андреј Белусов на Телеграм објави дека, во согласност со договореното, уште една група руски војници е вратена од териториите под контрола на Киев.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата