Ученици бараат правда по несреќата во Бангладеш – „Застарени авиони убиваат“

22.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ученици бараат правда по несреќата во Бангладеш – „Застарени авиони убиваат“

Бројот на загинати по несреќата се искачи на 31 лице.

Демонстрантите побараа одговорност од надлежните,. „точни“ информации за загинатите и повредените, компензација за семејствата и престанок на користењето на, како што ги нарекоа, „застарени и опасни“ тренажни авиони на бангладешките ВВС.

Меѓу загинатите, најмалку се 25 ученици, една наставничка која им подлегнала на изгорениците при обид да спаси други, како и пилотот на авионот.

Пожарникарите ја обезбедија локацијата во густонаселениот кварт Утара, додека воените власти продолжуваат со истрагата. Цивилната авијациска администрација не е директно вклучена во истрагата.

Денеска во Бангладеш е прогласен Ден на жалост, а националните знамиња се спуштени на половина копје низ целата земја.

Несреќата предизвика пожар во двокатната зграда на интернатот на средното училиште и колеџ „Мајлстоун“. Властите соопштија дека се спасени 171 лице, но многумина се со изгореници. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата