Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори

4.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори

Палестинците во наредните денови ќе пристигнат во Турција.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека еден од условите на договорот за прекин на огнот во Газа предвидува дека палестинските „затвореници“ нема да останат на палестинските земји по нивното ослободување. Тој додаде дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган дал наредба Турција да прифати дел од ослободените Палестинци.

Според Си-Ен-Ен-Турк, Ердоган наредил приемот на 15-те Палестинци на турска територија да се изврши под координација на Националната разузнавачка служба МИТ. Палестинците ќе можат да пристигнат во Турција преку Египет.

Режимот за прекин на огнот во Појасот Газа стапи на сила на 19 јануари.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата