Функционирањето на агенцијата е доведено во прашање откако администрацијата на Трамп објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот, со цел да го намали персоналот на агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп „Америка на прво место“, соопшти агенцијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека УСАИД е управуван од „куп радикални лудаци“ и дека е лошо управуван.
Тој додаде дека ќе ги „исфрли лудаците“ од агенцијата пред да се донесе одлука за нејзината иднина.
Трамп во неделата го пофали шефот на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск за суспензијата на двајца врвни безбедносни функционери на УСАИД, откако тие се обидоа да го спречат DOGE да пристапи до системите на агенцијата.
Маск утрово изјави дека УСАИД ќе биде затворена, а Трамп се согласува со него.
President Donald Trump on Elon Musk: “Look at all of the fraud he has found in USAID.. It’s a disaster— Radical left lunatics.” pic.twitter.com/qUr81Yg586
— America (@america) February 4, 2025