Црн чад се издига над Москва- гори огромен воен склад за гориво (ВИДЕО)

8.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Црн чад се издига над Москва- гори огромен воен склад за гориво (ВИДЕО)

Според извештаите на руските медиуми, инцидентот се случил во магацин на Новаја авенија, каде што биле складирани запаливи течни горива во буриња, плински боци и палети.

Складиштето наводно ја снабдувало и руската армија. Првичните извештаи велат дека пожарот се проширил на површина од 8.100 квадратни метри, но за неколку часа површината драстично се зголемила на 20.000 квадратни метри.

Руските власти сè уште не дале официјално објаснување за причината за пожарот, додека, според украинскиот медиум Канал 24, провладините руски медиуми избегнуваат да известуваат за деталите од катастрофата.

Сцени на хаос и експлозии

Рускиот Телеграм канал Маш објави дека на местото на настанот се слушнале експлозии на плински боци во магацинот. Ситуацијата била оценета како толку сериозна што нивото на опасност било подигнато на ниво четири и било одлучено да се вклучат воздухопловните сили во гаснењето на пожарот.

Во операцијата, која е спроведена во исклучително тешки услови, се вклучени повеќе од 100 пожарникари и 27 противпожарни возила. Засега нема информации за повредени или жртви.

Овој пожар следува по низа слични инциденти што се случија во последните недели во стратешката и индустриска инфраструктура на Русија, што предизвика сериозна загриженост.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата