Тројца загинати при експлозија на автомобил-бомба во Јемен

21.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тројца загинати при експлозија на автомобил-бомба во Јемен

Северно од Аден бил нападнат конвојот на видок претставник на Бригадите на гигантите Хамди Шукри. При експлозијата на автомобил бомба повредени се три лица.

Јеменските безбедносни сили потврдија дека бил нападнат конвојот на Шукри.

Во Јемен повеќе од една деценија се води граѓанска војна, во која се вклучени сложени религиозни и племенски спорови и интервенција на регионалните сили. Бригадите на гигантите соработуваат со Силите на националниот штит, поддржани од Саудиска Арабија, за да ги вратат областите во јужен Јемен кои во декември беа заземени од сепаратистичкиот Јужен преоден совет (СТЦ) поддржан од Обединети Арапски Емирати.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата