Трамп: Знаевме дека Израел ќе го нападне Иран, тоа е добро за финансиските пазари

13.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Знаевме дека Израел ќе го нападне Иран, тоа е добро за финансиските пазари

Тој го опиша нападот како „многу успешна операција, благо речено“.

„Ѝ кажав на другата страна: имате 60 дена да склучите договор. На 61-от ден беа нападнати. Денес е всушност 61-от ден и тоа беше многу успешен напад“, рече Трамп, тврдејќи дека му дал на Техеран последно предупредување два месеци пред нападот.

Додаде дека дипломатското решение сè уште не е исклучено: „Требаше да го прифатат договорот, и сè уште можат - додека сè уште имаат нешто. Сè уште можат“.

Запрашан за влијанието врз финансиските пазари, Трамп рече: „Мислам дека на крајот ќе биде одлично за пазарот бидејќи Иран нема да има нуклеарно оружје. Ќе биде одлично за пазарот - можеби најдоброто нешто досега. Иран повеќе нема да има нуклеарно оружје кое претставуваше голема закана за човештвото“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата