Трамп: Веруваме дека постигнавме промена на режимот во Иран, сите се мртви

30.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Веруваме дека постигнавме промена на режимот во Иран, сите се мртви

- Веќе имавме промена на режимот, ако погледнете, бидејќи еден режим е десеткуван, уништен, сите се мртви – изјави Трамп.

Тој додаде дека следните по ранг припадници на иранскиот режим се „главно мртви“, а дека САД „со третиот режим си имаат работа со поинакви луѓе од сите со кои кој било претходно се соочил“.

- Тоа е сосема поинаква група луѓе, така што тоа би го сметал за промена на режимот, и искрено, беа многу разумни. Значи, мислам дека имавме промена на режимот, мислам дека не може многу подобро од тоа – истакна Трамп.

Американскиот претседател рече дека „главно мртви“ се припадниците на иранскиот режим „кој беше навистина лош, навистина зол“.

Вториот беше именуван, и сите си заминаа, сите се мртви, освен еден кој можеби има малку живот во себе – рече Трамп.

Тој изјави дека верува оти Иран веројатно ќе постигне договор со САД.

Мислам дека ќе склучиме договор со нив, прилично сум сигурен, но можно е и да не склучиме. Со Иран никогаш не знаете, бидејќи преговараме со нив, а потоа мораме да ги гаѓаме – заклучи Трамп.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата