Пакистан и Авганистан разменија оган, најмалку еден убиен, 16 ранети

30.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пакистан и Авганистан разменија оган, најмалку еден убиен, 16 ранети

Обновениот конфликт во пограничната област на двете земји се случи во време кога во Пакистан се одржа состанок на делегации на регионални сили, на кој се разговараше за деескалација на војната во Иран и Блискиот Исток, со најава дека Исламабад може да биде домаќин на разговори меѓу САД и Иран како посредник.

Пакистанските безбедносни претставници изјавија дека земјата реагира само на силното гранатирање од Авганистан и дека немало цивилни локации што биле цел на нивна мета.

Најлошите борби меѓу Пакистан и Авганистан во последните години избувнаа минатиот месец, со големи жртви од двете страни. Кабул претходно соопшти дека повеќе од 400 луѓе биле убиени во пакистанскиот воздушен напад врз центарот за рехабилитација од дрога во градот во март пред соседните земји да ги прекинат борбите.

Пакистан ги отфрли тврдењата на талибанците дека центарот бил цел велејќи дека „прецизно ги таргетирал воените инсталации и инфраструктурата што ги поддржува терористите“.

Прекинот на огнот беше објавен за муслиманскиот празник Рамазан-бајрам, но обновени борби избувнаа во недела, неколку дена откога беше објавено привременото примирје. Исламабад ги обвинува авганистанските талибанци дека ги засолнуваат и поддржуваат исламистичките милитанти, кои вршат напади во Пакистан, обвинение што Кабул го негира велејќи дека милитантите се внатрешен проблем на Пакистан. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата