„Ако нè нападнете на каков било начин, САД ќе одговорат со сила невидена досега“, напиша Трамп на неговата мрежа Трут Соушл (Truth Social).
Тој додаде дека САД би можеле лесно да постигнат договор помеѓу Иран и Израел и да го запрат конфликтот.
Трамп потсети дека оваа пролет му дал на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, рок од 60 дена за договор за иранската нуклеарна програма. - Денеска е 61-от ден, рече тој за Си-Ен-Ен, додавајќи дека уште тогаш го повикал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одложи нападот врз Иран за да се даде шанса на дипломатијата.