Трамп: Последен пат го предупредувам Хамас да го прифати договорот за примирјето и заложниците

8.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Последен пат го предупредувам Хамас да го прифати договорот за примирјето и заложниците

„Сите сакаат заложниците да одат дома. Сите сакаат оваа војна да заврши! Израелците ги прифатија моите услови. Време е Хамас да ги прифати. Го предупредив Хамас за последиците од неприфаќањето. Ова е моето последно предупредување, нема да има второ“, рече Трамп на социјалната мрежа „Вистина“.

Израелските медиуми претходно денес објавија дека САД доставиле нов сет предлози до Хамас за сеопфатен договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.

Како што наведоа, предлогот за прекин на огнот и ослободување на заложниците не е целосно формулиран, туку претставува преглед на предлозите за идните преговори.

Хамас вчера издаде соопштение во кое наведува дека е отворен за секој договор што ќе ја заврши војната, со целосно повлекување на Израел, неограничен пристап до помош и други барања.

Исто така, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху јавно изјави дека сега ќе разгледа само сеопфатен договор што би вклучувал ослободување на сите 48 заложници што се држат во Газа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата