Трамп објави AI-фотографија со порака „затишје пред бура“

17.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп објави AI-фотографија со порака „затишје пред бура“

Во контекст на зголемените тензии околу Иран, фотографијата ги оправдува стравувања дека САД би можеле повторно да се вклучат во воени дејства во регионот.

На фотографијата, Трамп е прикажан со MAGA-капа на брод на американската морнарица, покрај висок воен офицер, додека околу нив има разбранувано море, молњи и бродови со иранско знаме во позадина. Пораката веднаш беше протолкувана како сигнал кон Техеран, особено по извештаите дека во Вашингтон се разгледуваат можни нови удари врз Иран.

„Times of Israel“ исто така ја пренесува објавата како дел од пошироката нервоза околу можноста конфликтот повторно да ескалира.

Ова не е првпат Трамп и неговиот политички круг да користат AI-слики како дел од политичката комуникација. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата