Грција, Италија, Кипар и Малта бараат ЕУ навремено да се подготви за можен нов мигрантски притисок

17.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција, Италија, Кипар и Малта бараат ЕУ навремено да се подготви за можен нов мигрантски притисок

Медитеранските земји предупредуваат дека е потребен координиран одговор за да не се повтори кризата од 2015 година.

Во заедничката позиција посочуваат на засилена заштита на надворешните граници, побрзо спроведување на новиот европски пакт за миграција и азил, поддршка за населението погодено од конфликтите и посилна соработка со земјите на потекло и транзит.

Медитеранските држави предупредуваат и на можност миграцијата да се користи како политички притисок или хибридна закана. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози треба да биде домаќин на нова средба во Рим на 17 јуни годинава, на која ќе се разговара за заеднички мерки и кризна подготвеност.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата