Трамп: Наводите во медиумите дека сакаме да го распарчиме Иран се претерани

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Наводите во медиумите дека сакаме да го распарчиме Иран се претерани

-Сакам Иран да биде голема и успешна земја, но не смее да има нуклеарно оружје. Наводите дека САД, во соработка со Израел, сакаат да го распрачат Иран се претерани. Повеќе би сакал да склучиме нуклеарен мировен договор, кој ќе му овозможи на Иран да расте и да се развива во мир. Треба веднаш да почнеме да работиме на ова, да има голема мировна прослава на Блискиот Исток кога сето ова ќе заврши. Господ да го благослови Блискиот Исток, напиша Трамп на својот профил на „Truth Social“.

Трамп претходно повторно предложи Палестинците да бидат раселени од Појасот Газа во Египет и Јордан, што тие и другите земји го одбија.

Тој додаде дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.

По средбата со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, Трамп рече дека решението на иранското прашање, доколку може да се постигне без војна, ќе биде „огромен успех“, но дека ќе остане да се види како ќе се развива ситуацијата./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата