Политичар почина додека држел говор

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Политичар почина додека држел говор

Како што пренесуваат словачките медиуми, тој починал во ресторан во Братислава.

Одеднаш колабирал и немало помош за него. Брзата помош ја констатирала неговата смрт.

„Можеме да потврдиме дека по повикот на итната линија 155, попладнево испративме екипи на Итна медицинска помош на улицата Милетичова во Братислава, за 78-годишен маж. И покрај напорите на спасувачите, тој не можеше да биде оживеан, а лекарот констатира смрт“, изјави Данка Капакова, портпарол на Итната медицинска помош.

Купер се среќавал со пријателите во овој објект секоја среда. Денеска не било исклучок. Додека држел краток говор, тој одеднаш колабирал и паднал на подот. Двајца негови пријатели биле лекари и веднаш почнале да го реанимираат. За жал, без успех. Докторот што се јавил можел само да ја потврди неговата смрт.

Пријателите на починатиот поранешен политичар останале во објектот по неговата смрт и продолжиле да пијат. На местото на настанот пристигнале судски лекари. Телото се уште е внатре.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата