Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

4.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Шеснаесет американски банки во моментов работат во Канада, објави претходно Канадското банкарско здружение.

„Овие банки се специјализирани за низа финансиски услуги, вклучувајќи корпоративно и комерцијално кредитирање, трезорски услуги, производи со кредитни картички, инвестициско банкарство и хипотекарно финансирање“, се вели во соопштението. 

Се додава дека овие банки не ги опслужуваат само клиентите со прекугранични деловни активности, туку и канадскиот домашен пазар на мало.

„Американските банки сега имаат половина од сите средства на странски банки во Канада“, соопшти здружението.

Денеска стапија на сила новите царини од 25 отсто што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од Мексико и Канада, заедно со удвојување на царините за кинески стоки на 20 отсто, што доведе до нови тензии меѓу САД и нивните три најголеми трговски партнери./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата