Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена

-Мислам дека ја спасувам оваа нација. Мислам дека оваа нација наскоро ќе биде уништена. Тоа е голема воена машинерија, рече Трамп во интервју за порталот Атлантик, по повод првите 100 дена од мандатот на американскиот претседател. 

Тој потсети дека за време на неговиот прв мандат како претседател на САД, му дал на Киев противтенковски водени ракети „џавелин“. 

Да бидеме реални. И да не бев јас - јас сум тој што им ги даде „џавелините“ што ги уништија тенковите. Знаете, тој момент со тенковите беше голем момент, кога (руските) тенкови се заглавија во калта, а јас им дадов (на Украинците) огромен број „џавелини“. Тоа се противтенковски ракети. Знаете тоа е голем момент,  затоа што, ако тие тенкови влезее, а беа на 71 милја од Киев и сакаа да го заземат  Киев. Тоа ќе беше крај на војната, ќе завршеше за еден ден“, рече Трамп. 

Тој рече дека американската помош во тоа време во форма на давање „џавелини“ на Украина била „една од причините“ зошто војната во Украина продолжи. 

-Сега, би можел да тврдам дека е штета што продолжи, затоа што многу луѓе загинаа. Многу повеќе луѓе загинаа во оваа војна отколку што се пријавува. Не само војници. Има многу војници, туку и многу други луѓе. И, знаете, навистина можам да кажам дека бев многу добар затоа што ја спасувам оваа земја, рече Трамп. 

Тој додаде дека верува дека „ѝ прави голема услуга на Украина“ со тоа што активно учествува во преговорите со Русија за постигнување прекин на огнот. 

Трамп повтори дека „војната во Украина никогаш немаше да се случи“ ако тој беше претседател на САД во претходните четири години. 

-Тоа никогаш немаше да се случи, и не се случи четири години, рече Трамп, осврнувајќи се на неговиот прв претседателски мандат, од 2017 до 2021 година. 

Кога беше прашан дали мисли дека може да се случи ситуација во која неговата администрација ќе испрати целосна поддршка на Украина за да го зачува нејзиниот територијален интегритет, Трамп одговори дека таквата поддршка „не мора да биде оружје“. 

-Постојат многу видови оружје. Не мора да биде оружје со куршуми. Може да биде оружје - санкции. Може да биде оружје со банкарство. Може да биде многу друго оружје, рече Трамп. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата