По заминувањето од Јужна Кореја Трамп изјави дека со кинескиот претседател Си Џинпинг постигнале договор за намалување на царините за Кина во замена за континуирана набавка на американска соја од страна на Пекинг, континуиран кинески извоз на ретки стоки и сузбивање на нелегалната трговија со фентанил.
Царините за кинески стоки поврзани со фентанил ќе бидат намалени од 20 на 10 отсто, рече Трамп, со моментална примена.
Трамп постојано ја обвинуваше Кина за придонес кон кризата со фентанил во САД.
По средбата помеѓу Трамп и Си, што се одржа во јужнокорејска военовоздухопловна база, немаше изјави од двајцата претседатели.
Агенциите јавуваат дека двајцата лидери звучеле оптимистички во врска со ублажувањето на трговските тензии меѓу двете најголеми економии во светот.
Фентанилот, високо зависен синтетички опиоид до 50 пати посилен од хероинот, може да биде смртоносен само во неколку милиграми, според американските власти, потсетува ДПА.
Во февруари, администрацијата на Трамп воведе дополнителни царини за кинески производи, наведувајќи ја кризата со фентанил како оправдување.

