Израел ги прими посмртните останки на двајца заложници

30.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел ги прими посмртните останки на двајца заложници

Останките беа префрлени во Израел преку Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ќе бидат испратени во националната форензичка лабораторија за официјална идентификација, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во соопштение, пренесува CNN.

„Напорите за враќање на нашите заложници продолжуваат без прекин и нема да запрат додека не се врати и последниот“, соопшти владата.

И покрај ова, и Хамас и Израел изјавија дека остануваат посветени на договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „ништо нема да го загрози прекинот на огнот во Газа“ и се закани дека „многу лесно ќе го елиминира Хамас“ доколку има уште едно кршење на договорот.

Хамас претходно оваа недела објави дека ќе го предаде телото на еден заложник, но се повлече по израелското бомбардирање.

Во понеделник, Хамас ги предаде останките на Офир Царфати, израелски цивил чие тело беше пронајдено во Газа две години претходно од страна на Израел, но кој не беше меѓу заложниците опфатени со тековниот договор. Нетанјаху потоа го обвини Хамас за „очигледно кршење“ на договорот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата