Трамп ја интензивира кавгата со универзитетот Харвард

17.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп  ја интензивира кавгата со универзитетот Харвард

 Секретарот за домашна безбедност Кристи Ноем се заканува дека ќе му ја одземе способноста на универзитетот Харвард да запишува странски студенти доколку не ги предаде записите за „незаконски и насилни активности“ на меѓународните студенти, објави агенцијата. Ноем „напиша жестоко писмо во кое бараше детални записи за нелегалните и насилни активности на сопствениците на странски студентски визи на Харвард до 30 април годинава, или универзитетот ќе се соочи со итно губење на сертификатот на програмата за студенти и размена на посетители. Со 6.793 странски студенти кои посетуваат Харвард, тие сочинуваат 27,2% од неговите запишувања во академската 2024-2025 година, според податоците на универзитетот .Истражувачите од Харвард велат дека можеби ќе треба да отпуштат работници и да ги еутанизираат животните кои служат за истражувања поради замрзнување на финансирањето. Портпаролот на Харвард во соопштение рече дека универзитетот знае за писмото, но дека тие  остануваат на нивната претходна изјава дека „нема да ја предадат својата независност или да се откажат од неговите уставни права“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата