Трамп го продолжи рокот за трговски договор со ЕУ до 9 јули

26.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп го продолжи рокот за трговски договор со ЕУ до 9 јули

Трамп во петокот изрази незадоволство од текот на разговорите и се закани со 50-процентни царини на увозот од ЕУ почнувајќи од 1 јуни. Но, синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на социјалната мрежа Икс објави дека разговарала со Трамп, кој се согласил да се задржи првичниот рок за трговски договор до 9 јули.

Трамп во изјава за новинарите потврди дека ја прифатил нејзината молба, додавајќи: „Ќе се состанеме наскоро за да видиме дали можеме да најдеме решение“.

Претходно, на почетокот на април, Трамп постави 90-дневен рок за трговски преговори меѓу САД и ЕУ, кој истекува на 9 јули.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата