Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето

24.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето

„Израел. Не фрлајте ги тие бомби. Ако го направите тоа, тоа е тешко прекршување. Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Американскиот лидер претходно изјави дека и Израел и Иран го прекршиле прекинот на огнот што го објави неколку часа претходно и дека не е задоволен од ниту една земја, особено од Израел.

Во разговор со новинарите пред да замине на самитот на НАТО во Хаг, Трамп рече дека Израел „започнал да напаѓа веднаш откако се согласил на договорот“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата