Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот

6.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот

„Вторник, 20 часот по источно време“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

Претходно вчера Трамп изрази верување дека САД имаат добри шанси денеска, понеделник, да постигнат договор со Иран, еден ден пред да истече неговиот ултиматум до Техеран.

„Без договор, ќе видите како мостови и електрани се уриваат низ целата земја“, изјави Трамп за Фокс њуз, повторувајќи ја својата закана.

На 26 март, Трамп го одложи планираниот датум за уништување на електраните за десет дена, до понеделник, 6 април во 20:00 часот.

Во истото интервју, тој рече дека им гарантира „имунитет“ на иранските преговарачи, за тие наводно да не бидат цел на американско-израелски напади.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата