-Како одговор на континуираната неактивност и одмаздничките мерки на Канада, претседателот Трамп утврди дека е потребно да се зголемат царините за Канада од 25 отсто на 35 проценти за ефикасно справување со моменталната вонредна состојба, се вели во соопштението.
Трамп подоцна за Ен-Би-Си Њуз изјави дека е отворен за понатамошни разговори со Канада и додаде дека можеби дури и ќе разговара со канадскиот премиер Марк Карни.
Новите царини стапуваат на сила денеска, 1 август.