Трамп ги ублажи санкциите кон Белорусија- сѐ подобри односи со Лукашенко

4.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ги ублажи санкциите кон Белорусија- сѐ подобри односи со Лукашенко

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД официјално ги укина санкциите за Белавија и авионот кој претходно беше предмет на санкции за наводна употреба од страна на високи функционери и членови на семејството на Лукашенко, објави Ројтерс.

Исто така, издаде општа лиценца со која се дозволуваат одредени трансакции поврзани со употребата на три претходно санкционирани авиони што ги користел Лукашенко или „Славкали“, компанија поврзана со неговата влада.

Лиценцата вклучува „Боинг 737“ во сопственост на белоруската влада, кој бил користен како претседателски авион, друг авион од претседателската флота и луксузен хеликоптер во сопственост на „Славкали“, кој бил користен за транспорт на Лукашенко помеѓу неговата резиденција и Минск.

Одлуката означува нов чекор во подобрувањето на односите меѓу Вашингтон и Минск, по години напори на САД да ги изолираат белоруските власти, вклучително и санкции против самиот Лукашенко, објави Ројтерс.

Белорусија ослободи 52 затвореници во септември, по апелот на американскиот претседател Доналд Трамп, а за возврат доби ветување за делумно олеснување на санкциите, со што ќе ѝ се дозволи на Белавија да сервисира и да набавува делови за своите авиони.

Повеќето американски санкции против Белорусија остануваат на сила, вклучително и оние насочени кон Лукашенко и неговото семејство, воведени поради спорните претседателски избори во 2020 година, поддршката за Москва и репресијата врз опозицијата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата