Тинејџер е казнет поради навреди кон претседателот на Австрија, полицаец го слушнал кога опцул

23.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тинејџер е казнет поради навреди кон претседателот на Австрија, полицаец го слушнал кога опцул

Полицискиот службеник веднаш реагирал и му ја зел личната карта на шеснаесетгодишникот, а потоа му изрекол казна од 150 евра за нарушување на јавниот ред и мир.

Виенскиот весник „Кронен Цајтунг“ пишува дека навредливата изјава стигнала и до суд, откако тинејџерот се пожалил кај судските власти на Австрија.

Иако признал дека го навредил претседателот, бил незадоволен од висината на казната.

Бидејќи сè уште оди на училиште и нема сопствени приходи, побарал полесна казна. Неговото барање било прифатено од Судот во Салцбург и казната била намалена на 100 евра.

Патем, максималната казна за такво дело е до 500 евра.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата