Татко ја ставил 5- годишната ќерка во кафез и ја заклучил со катанец, додека мајката молчела- детето починало

31.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Татко ја ставил 5- годишната ќерка во кафез и ја заклучил со катанец, додека мајката молчела- детето починало

Според локалните медиуми, Андреа Лавинг се предала на полицијата во понеделник, 28 јули. Сè уште не е познато дали се изјаснила за виновна или ангажирала адвокат, објави Пипл.

Телото на Изабела било пронајдено утрото на 3 април, кога полицајците одговориле на пријава од дом во Колд Спрингс. Девојчето било пронајдено во несвест во спална соба на горниот кат, лежејќи покрај мал душек без рамка за креветот. Службениците за итни случаи ја прогласиле за мртва на местото на настанот.

Во извештајот за веројатната причина за апсењето се наведува дека девојчето имало повеќекратни повреди на лицето, колковите, карлицата, рацете и гениталиите. Имало десет различни повреди на лицето, вклучувајќи модринка под окото и посекотина над окото.

Таткото на девојчето, Николас Лавинг, бил уапсен претходно во истрагата и исто така обвинет за злоупотреба на дете и тешки телесни повреди. Не е познато дали тој се изјаснил за виновен или ангажирал правен застапник.

Според истата тужба, Николас рекол дека ноќта на смртта на Изабела, тој ѝ ја измерил температурата, која наводно била 36,6 степени Целзиусови, по што ја искапил и ја успал во кафез со димензии 1,5 x 1,5 метри и ја заклучил со катанец.

Изабела, според извештајот, повремено била сместувана во оваа импровизирана кутија во детската соба како форма на казна, додека другите две деца спиеле во удобен, голем кревет. Околу полноќ, едно од другите две девојчиња ги разбудило своите родители велејќи дека Изабела повраќа.

Според истиот документ, Николас наводно чекал пет часа пред да се јави на 911. Андреа наводно им кажала на истражителите дека нејзиниот сопруг не ѝ дозволувал да ги повика лекарите. Таа исто така рекла: „Треба да одам во затвор затоа што не ѝ помогнав, а Ник треба да оди во затвор затоа што ја уби“.

Причината за смртта на девојчето сè уште не е официјално утврдена.

Окружниот обвинител изјави за People: „Иако не можеме да коментираме за активен случај, остануваме цврсто посветени на обезбедување целосна правда за Изабела Лавинг за време на претстојното судење“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата