Нетанјаху му подари на Трамп златен пејџер во знак на сеќавање на познатата акција (ВИДЕО)

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху му подари на Трамп златен пејџер во знак на сеќавање на познатата акција (ВИДЕО)

„Тоа беше одлична операција“; Трамп одговори, според извештајот на Канал 12 вести, пишува Jerusalem Post.

За возврат, Трамп му даде на Нетанјаху фотографија од нив двајца со натпис: „На Биби, големиот лидер“.

Во септември, илјадници пејџери што ги користеа оперативците на Хезболах низ Либан ненадејно експлодираа, убивајќи и ранувајќи десетици луѓе. Еден ден подоцна, стотици воки-токи, исто така, експлодираа.

Во нападот загинаа најмалку 12 цивили, меѓу кои и две деца.

Во декември, ИДФ откри дополнителни информации за својата улога во операцијата, а притоа ѝ припиша заслуга на Мосад за нејзиниот придонес.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата