Тајфунот Каџики го погоди Виетнам

25.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тајфунот Каџики го погоди Виетнам

Каџики утрово го погоди брегот на провинциите Нге Ан и Ха Тин, соборувајќи дрвја, поплавувајќи ги домовите и патиштата и уништувајќи ги рибарските фарми. Во Ха Тин во прекин е напојувањето со електрична енергија.

Поради невремето затворени се аеродромите во провинциите Тан Хоа и Кванг Бин.

Ветерот достигна брзина од 118 до 133 километри на час, што предизвика високи бранови до две метра.

Тајфунот вчера го погоди јужниот брег на кинескиот остров Хајнан.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата