Штрајкот делумно ги наруши јавните услуги и производството.
Коалиција од 10 големи синдикати и неколку други групи за права на земјоделците и селаните повика на еднодневен штрајк, нарекувајќи го „Барат банд“, што на хинду јазикот значи „Затворете ја Индија“.
Штрајковите претставуваат нови предизвици за напорите на Моди да привлече странски компании со промени во законите за труд што го поедноставуваат работењето на бизнисот и ја зголемуваат продуктивноста.
Синдикатите велат дека се во прекин рударските операции во неколку држави, додека некои возови се запрени бидејќи демонстрантите ја блокираа железничката мрежа, а има прекини и во работата на банките, осигурителните компании и супермаркетите.
Владата официјално не коментираше за штрајкот на работниците, а вообичаено таа ги отфрла тврдењата на синдикатите.
Барањата на работниците вклучуваат повисоки плати, суспендирање на приватизацијата на државните компании, повлекување на новите закони за работни односи и пополнување на слободните работни места во државниот сектор. Земјоделските групи, исто така, сакаат владата да ја зголеми минималната откупна цена за култури, како што се пченицата и оризот.