Статуата на Марко Аврелиј по повеќе од половина век е вратена од САД во Турција

19.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Статуата на Марко Аврелиј по повеќе од половина век е вратена од САД во Турција

Турскиот министер за култура и туризам истакна дека статуата била во САД со децении, пренесе Индекс.

„Беше долга борба. Бевме во право, бевме решени, бевме трпеливи и успеавме. Макотрпно ги собравме потребните докази и го вративме „филозофскиот император“ Марко Аврелиј“, напиша Мехмет Нури Ерсој на X.

Статуата беше вратена по повеќегодишна истрага што вклучуваше научна анализа, архивско истражување и сведоштва од очевидци. Ерсој ја нарече репатријацијата „историско достигнување“ овозможено со заедничките напори на дипломатијата, правото и науката.

„Без разлика дали дома или во странство, ние решително ќе продолжиме да го заштитуваме целото наше ограбено културно наследство до самиот крај“, објави тој. Додаде дека статуата наскоро ќе биде претставена на јавноста на изложба во главниот град Анкара.

Нелегално ископана

Статуата, за која се верува дека датира од вториот или третиот век од н.е., била прокриумчарена од Турција по нелегалните ископувања во округот Голхисар во југозападната покраина Бурдур. Подоцна влегла во колекцијата на Музејот на уметност во Кливленд во американската држава Охајо.

Смета за еден од најважните зачувани бронзени артефакти од Анадолија, статуата е единствена по својот приказ на Марко Аврелиј како филозоф - приказ кој има посебно значење во римската и античката анадолска историја на уметноста.

Изнесувањето антиквитети од Турција е строго забрането со закон, а прекршителите се соочуваат со значителни казни.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата