Состанок на Контакт-групата за одбрана на Украина

4.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Состанок на Контакт-групата за одбрана на Украина

Според најавите, состанокот ќе започне со воведни обраќање на министрите за одбрана на Велика Британија, Џон Хили, на Германија, Борис Писториус и на Украина, Рустем Умеров. 

Контакт групата за одбрана на Украина, позната уште и како Рамштајн група, е сојуз на 57 земји -  сите 32 членки на НАТО и 25 други држави - и плус Европската Унија, кои го поддржуваат Киев со испраќање воена опрема како одговор на руската инвазија. 

Како што соопшти Прес-службата на НАТО, пред утрешниот министерски состанок, генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте денеска ќе престојува во посета на Франција. 

Според најавата, во Париз Руте ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата