Министерите за одбрана на Еу на состанок во Копенхаген ги прецизираат деталите од новиот 19-ти пакет санкции за Русија, кој според најавите, ќе биде насочен против извозот на руски енергенси и финансиските услуги. Шефицата на европската дипломатија Калас рече дека на маса е и можноста за нова помош во оружје за Киев и обука на украинската армија.
-Да, работиме на следниот пакет и има неколку опции на маса. Секако, она што најмногу ќе им наштети се какви било санкции врз енергијата и сите секундарни санкции што ги воведоа Американците, на пример. Но, овие дискусии се во тек и сите разбираат дека, со оглед на тоа како Путин ги исмева мировните напори, единственото нешто што функционира е притисокот. , изјави Каја Калас, шефица на европската дипломатија
И додека од Вашингтон стигнуваат пораки топло – ладно за поголем притисок врз Москва, германскиот канцелар Мерц допатува во Франција кај Макрон во обид да ги интензивираат европските дипломатски напори. Главниот впечатокот е дека Путин само купува време.
-Сега е очигледно дека средба меѓу претседателите Путин и Зеленски нема да има, што е спротивно од она што беше договорено меѓу претседателот Трамп и Путин минатата недела, кога бевме во Вашингтон заедно. , вели Фридрих Мерц, канцелар на Германија
За украинскиот претседател Зеленски, вчерашниот руски напад е само потврда дека Путин не сака мир. Повика на воведување остри меѓународни санкции за да не се остави чувството за неказнивост на Москва.
-Во Вашингтон чувме дека Путин е подготвен за крај на војната и дека на ниво на лидери ќе се разрешат клучните прашања. Но, наместо тоа, тој избра балистички ракети наместо реални чекор кои водат кон мир. , изјави Володмир Зеленски, претседател на Украина
Москва тврди дека руската армија врши напади само врз воени цели и дека штетата врз цивилната инфраструктура е последица на дејствувањето на украинската противоздушна одбрана.
-Зеленски продолжи да презема чекори што водат кон саботажа на процесот на мировни преговори и ескалација на конфликтот. Зеленски, на 21 август, им кажа на странските новинари дека Киев одбива правно да ги признае неповратно загубените територии. , изјави Марија Захарова, портпаролка на руското МНР
Во Киев денеска е ден на жалост, по вчерашниот напад во кој спорд украинските власти, Русија истрелала 600 беспилотни летала и 30 балистички и крстосувачки ракети. Освен цивилни објекити, биле погодени и канцелариите на Делегацијата на Европската Унија и на Британскиот совет.