Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

„Слеп патник“ е пронајден во авионски тоалет-жената сакала без билет да лета од Њујорк до Париз

29 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Патниците и членовите на екипажот на летот DL264 на Delta Air Lines од аеродромот Џон Ф. Кенеди до Шарл де Гол во вторник на 26 ноември откриле дека во тоалетот на авионот крие жена, која патува без билет, пренесе Авиоатион 24. Поголемиот дел од летот таа се криела во тоалетот бидејќи сите седишта во Боингот 767 биле зафатени.

Постојаната зафатеност на еден од тоалетите на авионот го зголемила сомнежот кај екипажот и патниците дека нешто чудно се случува зад затворени врати. Член на кабинскиот екипаж открил дека жената лета без билет, што веднаш било пријавено кај пилотите, а потоа и во француската полиција.

По слетувањето во Париз, екипажот ги замолил патниците да останат на своите места додека полицајците не влезат во авионот. Полицијата набрзо влегла во авионот на „Делта ерлајнс“ и го привела „чудниот патник“.

Засега не е познато како жената успеала да се качи во авионот без билет. Она што е познато е дека службениците на американската Администрација за транспортна безбедност (TSA) ја прегледале жената пред да влезе во авионот, односно дека поминала контра-диверзантска проверка на аеродромот Џон Кенеди.

Таа сепак избегнала две точки за проверка на идентитетот, потврди ТСА. „Делта ерлајнс“ соопшти дека започнува истрага за да се утврди како жената се качила во авионот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ