Сирија тврди дека разбила ќелија на либански Хезболах во регионот на Дамаск

11.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сирија тврди дека разбила ќелија на либански Хезболах во регионот на Дамаск

Оттаму соопштија дека полициските сили „успеале да уапсат членови на терористичка ќелија поврзана со милицијата Хезболах, која дејствувала во градовите Саса и Канакер, во западната провинција Дамаск“.

„Членовите на ќелијата се обуќиле во кампови во Либан и планирале операции на сириска почва“, се наведува во соопштението, додавајќи дека во операцијата се запленети ракетни лансери, противтенковски ракети, поединечно оружје и големо количество муниција.

Хезболах, параполицијата која се борела заедно со трупите на соборениот претседател Башар ал-Асад за време на повеќе од 13 години граѓанска војна во Сирија, во тоа време контролирал области на либанско-сириската граница.

По падот на Асад во декември минатата година, кој беше соборен од бунтовниците предводени од сегашниот претседател Ахмад ал-Шара, беа прекинати патиштата за снабдување на проиранскиот Хезболах, а беа спречени и неколку обиди за шверц на оружје во Либан, наведуваат сириските власти.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата