Во 2010 година, Сирија произведуваше и извезуваше околу 380.000 барели нафта дневно. Но, една година подоцна започнаа протестите против претседателот Башар ал-Асад кои прераснаа во речиси 14-годишна војна, што ја уништи сириската економија и инфраструктура, вклучувајќи ја и нафтената индустрија.
Асад беше симнат од власт во декември минатата година. Исламистичката влада што го замени режимот најави програма за обнова на економијата.
Ријад ал-Џубаси, заменик-директор за нафта и гас во Министерството за енергетика, изјави за Ројтерс дека пратката на тешка сурова нафта била продадена на глобалната нафтена трговска компанија „Б Серф Енерџи“, пренесува Хина.
Најголем дел од нафтените полиња во Сирија се наоѓаат на североистокот на земјата, во регионот под контрола на Курдите. Тие од февруари почнаа да испраќаат нафта во Дамаск, но односите во меѓувреме се влошија поради несогласувања околу вклучувањето и правата на малцинствата.