Си ќе им биде домаќин на Путин и Гутереш на претстојниот самит на Шангајската организација за соработка

22.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Си ќе им биде домаќин на Путин и Гутереш на претстојниот самит на Шангајската организација за соработка

Средбата е за претстојниот состанок на Шангајската организација за соработка (ШОС), што ќе се одржи во кинескиот град Тјенџин на 31 август и 1 септември.

Лидерите ќе објават нови планови за продлабочување на врските на состанокот, изјави на прес-конференција висок функционер на кинеското Министерство за надворешни работи, Лиу Бин.

Средбата на ШОС се одржува само неколку дена пред една од најголемите воени паради во Кина во последните години.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и индискиот премиер Нарендра Моди се меѓу поканетите, рече Бин.

-Колку е потурбулентна и посложена меѓународната ситуација, толку е поважно сите страни да го зајакнат единството и соработката“, рече кинескиот претставник.

Средбата ќе заврши со потпишување и објавување на декларација, рече Лиу Бин. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата