Шведските полицајци зачудени: Влегол во маркет по гаќички за капење и во нив скрил куп чоколади

11.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шведските полицајци зачудени: Влегол во маркет по гаќички за капење и во нив скрил куп чоколади

Пријавата дојде од маркет во Стокхолм, а кога го „истресоа крадецот од панталоните“, имаа што да видат.

Всушност, неименуваниот маж влегол во продавницата облечен нормално, но под облеката имал гакички за капење што му послужиле добро да го скрие пленот.

За среќа, будните очи на вработените и безбедносните камери го фатија како „граба“ слатки од полиците.

Кога конечно тргнал да си оди, го запреа, а потоа започна претрес. Сите беа шокирани кога сфатија дека успеал да натрупа повеќе од 40 чоколатца во гакичките за капење!

Имено, до крајот на претресот, од неговиот костим за капење биле извлечени вкупно 42 чоколадни плочки.

Сега тој е обвинет за сторено кривично дело „тешка кражба“.

„Кражбата се смета за тешка кражба поради систематскиот начин на нејзино извршување, а мажот е осомничен за сериозно кривично дело кражба“, соопшти полицијата.

Не е познато дали крадецот е приведен или само против него ќе бидат поднесени обвиненија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата