ДПА пренесува дека потегот на владата во Берн следи по сличната акција од соседна Германија, која ја забрани палестинската организација помалку од еден месец по нејзиниот напад врз Израел на 7 октомври 2023 година, во кој загинаа околу 1.200 лица, а околу 250 беа киднапирани во Газа.
Швајцарија ги забранува сите активности и поддршка за Хамас и им овозможува на властите да воведат забрани за влез и протерувања, пренесува ДПА.
Официјални лица изјавија дека мерката, исто така, има за цел да го спречи Хамас да ја користи Швајцарија како финансиски центар за своите активности./МИА