Други 17 лица се под истрага за поседување, производство и дистрибуција на детска порнографија, објави веб-страницата 20minutos.
Во операцијата учествувале повеќе од 200 полицајци, а апсења се извршени во голем број провинции и градови, вклучувајќи ги Мадрид, Навара, Баскија, Андалузија, Галиција, Канарските Острови и Балеарските Острови.
Меѓу уапсените е и наставник во средно училиште од Лас Палмас, кој посвоил деца и ги снимал, а потоа ги дистрибуирал нивните слики.
Уапсен е и компјутерски инженер кој инсталирал интернет кабел преку кој преземал и дистрибуирал детска порнографија, како и поранешен војник кај кого за време на претрес биле пронајдени девет огнено оружје и голема количина муниција, соопшти полицијата.