Шпанија со рекорден број туристи и над 105 милиони евра заработка

31.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шпанија со рекорден број туристи и над 105 милиони евра заработка

Во истовреме, туристичката потрошувачка првпат надмина 100 милијарди евра, објави Националниот институт за статистика.

Вкупниот приход од туризмот достигна 105,8 милијарди евра, што е зголемување од седум отсто во споредба со 2024 година. Просечната потрошувачка по турист е 1.380 евра, додека просечната дневна потрошувачка се зголемила на 204 евра, што е зголемување од 4,5 отсто. Во септември е забележан побавен раст на туристичките пристигнувања - со 9,7 милиони посетители, што е годишно зголемување од само 0,8 отсто.

По области, Каталонија остана најпосетувана шпанска покраина со 15,8 милиони странски туристи, Балеарските Острови - зголемување од три отсто со 13,7 милиони посетители, а Андалузија ги престигна Канарските Острови, со 11,5 милиони посетители, т.е. зголемување од 7,3 отсто.

Меѓу другите земји, само Обединетото Кралство бележи зголемување на бројот на туристи во септември - два отсто, додека Германија и Франција имаат намалување од 2,5 отсто и 1,6 отсто, соодветно. Овие девет месеци, 15,3 милиони туристи пристигнале од Обединетото Кралство, 10,2 милиони од Франција и 9,5 милиони од Германија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата