Експлодира цистерна на бензинска пумпа, има повредени- драма во Германија (ВИДЕО)

31.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Експлодира цистерна на бензинска пумпа, има повредени- драма во Германија (ВИДЕО)

Првичните извештаи сугерираат дека експлодирала цистерна!

Според портпаролот на противпожарната служба, експлозијата се случила во сервис за поправка на камиони.

Се сомнева дека цистерна за гориво се запалила за време на поправките, што предизвикало огромна експлозија.

Двајца лица со сериозни повреди биле третирани на местото на настанот и се подготвувале за транспорт со хеликоптер во болница.

Пожарникарите биле повикани околу 8:16 часот наутро, објави Шпигел.

Според медиумските извештаи, бензинската пумпа се наоѓа во индустриска зона во Вестринг. Покрај двете тешко повредени лица, уште две лица се здобиле со полесни повреди.

Во околните области, властите им советувале на жителите да ги држат прозорците и вратите затворени како мерка на претпазливост. Чадот се ширел и по автопатот 42, поради што на возачите им било советувано да возат побавно.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата