„Со враќањето на претседателот Трамп на функцијата, ќе ги „засилиме“ трошоците за одбрана и производството“, објави Руте на X.
Руте изрази „топли честитки“ до Трамп за неговата инаугурација како 47-ми претседател на САД и до Џеј-Ди Венс како негов потпретседател.
„Заедно можеме да постигнеме мир преку сила – преку НАТО“, заклучи Руте.
Трамп ги повика земјите-членки на НАТО да одвојат 5 отсто од својот бруто домашен производ за одбраната, наспроти претходната цел на НАТО од 2 отсто.