„Имаме исти ставови за сите стратешки прашања. Северна Кореја е подготвена безусловно да ги поддржи и охрабри сите мерки преземени од руското раководство во справувањето со коренот на украинската криза“, му рекол Ким на Лавров, пренесува ДПА.
Москва и Пјонгјанг потпишаа стратешко партнерство во 2024 година за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја. Според податоците од украинската разузнавачка служба, Северна Кореја веќе ја реализира својата поддршка преку испорака на оружје и војници на Москва. Наводно, околу 14.000 севернокорејски војници биле распоредени во западниот руски регион Курск, каде што учествуваат во операциите против украинските сили.