Северна Кореја распореди мистериозни објекти околу потопениот воен брод

31.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Северна Кореја распореди мистериозни објекти околу потопениот воен брод

 На снимките се гледа како бродот, тежок 5.000 тони, е делумно потопен, а околу него има распоредено бели објекти, најверојатно за негова стабилизација или заштита од извидувачки дронови.

Најновиот севернокорејски брод разорувач на претставувањето на 21 мај, на кое беше присутен и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, имаше дефект, крмата предвреме вплови во морето и смачка дел од трупот.

Ким инцидентот го оцени како криминален чин и го повреди достоинството на Северна Кореја. Тој нареди бродот да биде поправен до крајот на јуни.

Поради инцидентот приведени се четири лица, меѓу кои и главниот инженер на бродоградилиштето./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата