Сенатор од Северна Дакота и неговото семејство загинаа во авионска несреќа

3.10.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сенатор од Северна Дакота и неговото семејство загинаа во авионска несреќа

Смртта на Даг Ларсен беше потврдена денеска во е-пошта испратена од лидерот на мнозинството во Сенатот Дејвид Хог до неговите колеги сенатори.

Авионот се урнал во неделата навечер веднаш по полетувањето од аеродромот Кањонлендс, на околу 15 милји северно од Моаб, се вели во соопштението објавено на Фејсбук од Канцеларијата на шерифот на округот Гранд.

Канцеларијата на шерифот соопшти дека загинале сите четири лица во авионот. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата